Radio Fortuna - 96.8 FM Skopje Радио Фортуна е лоциранo во деловната зграда на Осигурување Македонија (поранешна Кјуби), сместена во строгиот центар на Скопје. Располагаме со простории од околу 100м2 функционално уредени за потребите на една радио станица. Линковски поврзани до предавателниот столб лоциран на средно Водно.
Од таму на предавална фрекфенција од 96,8 Mhz се покрива целосно градот Скопје како и околниот регион преполн со населени места и туристички локации. Во случај на испад на предавателниот систем на средно Водно од било кои причини, автоматски се вклучува резервен предавателен систем лоциран на врвот од деловната зграда на Осигурување Македонија, која воедно е и највисоката зграда во реонот. Со ова се губи само 20% од територијата која се покрива со главниот предавателен систем со што се обезбедува непрекинат извор на сигнал кој е итекако потребен за коректно извршување на обврските кон коминтентите како и верните слушатели на Радио Фортуна.
Инаку Радио Фортуна прв пат пушти сигнал во етерот на Скопје во декември 1993 година, веднаш по неколкуте радио станици кои се отворија во тој период меѓу кои беа Студенско радио, Радио Мега, Радио Уно. За жал сите овие радија се сега веќе згаснати, со што Радио Фортуна сега е најстарото радио што сеуште работи на територијата на Скопје, и второ радио по години на територијата на цела Република Македонија.
Програмски, Радио Фортуна преку својот избран и усогласен тим презентира претежно поп и рок музика од светски изведувачи. Внимателно се одбира и цензурира само најнова и најхитовска музика.
На крај, Радио Фортуна е препознатлив бренд кој според истражувањата на европската агенција за истраживање на слушаност „Strategic Marketing“ прединачи пред другите локални радиостаници и опстојува на второ место на регионот на Скопје веќе десет години без прекин. Иднината ја гледаме во проширување на територијата која ја покриваме на национално ниво како и емитување на квалитетна сателитска програма. Нашата основна цел е анимирање на публиката се со цел да се разбие дневното сивило и монотонија, како и презентирање на свежи вести, занимливи информации и пред се внимаваме најмногу на она што ни е заедничко - САКАМЕ ДОБРА МУЗИКА. http://radiofortuna.com.mk